Од 4000 бегалци преку ноќ – преминот на Табановце празен и опустошен (фото)

Сподели со своите пријатели

Долга ноќ е зад бегалците од Блискиот Исток кои вчера навечер пристигаа на Табановце со сите можни превозни средства. Некаде околу три часот по полноќ, на нивите беа избројани близу 4000 бегалци кои чекаа да се отворат рампите со соседна Србија.

Loading...

t1

Бегалците на преминот доаѓаа со воз, автобус, такси и мини бус, и веднаш се упатуваа кон границата кон Прешево, но накратко откако српската страна пропушти одреден број, рампите беа спуштени до раните утрински часови.

t8

На преминот во моментот има само околу дваесетина мигранти, а зад синоќешниот престој, на преминот останаа неколку искинати вреќи за спиење, смет кој во моментот го чистат лица од Црвен Крст, редовна полициска патрола и граѓански активисти кои на бегалците им пружаа помош до пет часот наутро.

t16

Утринава на преминот пристигна еден воз од Гевгелија, а некаде околу 14:30 часот се очекуваат два воза со приближно 1000 бегалци.

t9

Loading...

Не е забележано присуство на АРМ и ЕБР, како денес, така и во текот на ноќните часови.

t4

Според информациите од граѓанските активисти и денес се очекува поголем бран на мигранти да пристигнат на преминот Табановце.

11896118_10207861347678645_1646639533038474529_n