ОБСЕ бара студенти – практиканти во Виена и Копенхаген

Сподели со своите пријатели

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) бара студенти – практиканти од земјите-членки (меѓу кои е и Македонија), кои ќе поминат шест месеци во Копенхаген или Виена, како дел од редовната програма за пракса на Меѓународниот секретаријат на оваа организација.

Loading...

Студентите кои сакаат да се пријават треба да имаат меѓу 21 и 26 години, да студираат право, политички науки или меѓународни односи, а предност имаат студентите со добри оценки, како и со добри способности за истражување и пишување. Задолжително е одлично познавање на англискиот јазик, а пожелно е ако кандидатите зборуваат и некој од другите официјални јазици на ОБСЕ: француски, италијански, германски, шпански или руски. Обезбедено е бесплатно сместување во Прага или Виена за време на престојот таму, а за сите практиканти кои ќе бидат избрани има и стипендија од 564 евра месечно.

Извор: Радио МОФ

Leave a Reply