Објавена снимка од апсењето на Грета Тунберг (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Шведската климатска активистка Грета Тунберг беше уапсена за време на пропалестинските протести утринава во Копенхаген.

Loading...

„Студентите против окупацијата (пропалестинска активистичка група) и јас сме во административната зграда на Универзитетот во Копенхаген“, напиша Тунберг утрово во описот на видеото што го објави на својот Инстаграм.

„Беше повикана полиција, насилно влегоа во зградата вооружени со автомати. Не тераат, а ние само разговараме“, напиша таа.

Со друго видео, Тунберг додаде: „Студентите се уапсени и штотуку се одведени во станицата“.

Протестите во кампусот за поддршка на Палестинците се разгореа ширум светот во 11-те месеци откако милитантната група Хамас изврши брутален масакр во Израел што предизвика смртоносна операција на израелските одбранбени сили во Газа и на Западниот Брег.

Уапсени се шест лица, меѓу кои и Тунберг

Полицијата во Копенхаген соопшти дека околу 20 демонстранти се собрале на универзитетот, а шестмина од нив биле уапсени, објави данскиот медиум Екстра Бладет.

Данската ТВ2 објави видео од приведувањето на Тунберг.

Полицијата не го потврди идентитетот на ниту еден од уапсените, но портпаролот на Студентите против окупацијата изјави за Ројтерс дека Тунберг бил приведен од полицијата.

Loading...

Во октомври минатата година, израелската војска ја критикуваше Тунберг откако таа испрати порака за поддршка на Палестинците, веднаш по нападот на Хамас.

Во декември Тунберг го обвини Израел за „воени злосторства“ и „геноцид“ додека израелската офанзива во Газа се интензивираше.