Објавен јавен повик за поддршка на проекти за унапредување на здравјето (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово вчера објави јавен повик за финансиска поддршка во спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето преку кампањи од областа на здравствена заштита.

Loading...

Јавниот повик се однесува на здруженија и други правни лица на територија на општина Куманово и истиот е за тековната 2024 година, информираше денеска раководителот на Секторот за култура, спорт и социјална заштита, Александар Крстевски.

– Теми на кампањите ќе бидат злоупотреба на дрога, превенција од тинејџерска бременост, сексуално преносливи болести, подигнувањ ена свеста на родителите за поголем опфат за вакцинација, рутински здравствени прегледи и скрининг заболувања, појасни Крстевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Какво време ќе имаме за утрешниот празник?

 

 

Како носители на предлог проектите можат да се јават здруженија и други правни лица кои делуваат во дејноста на здравствената заштита.

Финансиската рамка за овој јавен повик е 100.000 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Куманово за 2024 година.

Loading...

– Сакам да се заблагодарама на сите правни здруженија кои се вклучија минатата година и би сакал да им дадеме можност на нови здруженија кои ќе учествуваат во овој јавен повик кој ќе биде од големо значење за сите граѓани на Општина Куманово, рече Крстевски.

Јавниот повик е објавен вчера, согласно правилникот донесен од страна на градоначалникот, и ќе трае седум дена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановци обивале и краделе од автомобили, полицијата ги приведе

Критериумите, потребната документација, начинот и рокот за составување на барањата се детално објаснети во самиот јавен повик достапен на општинската интернет страница.

Никола Ивановски