Нуклеарката Запорожје на генератори поради гранатирањето

Сподели со своите пријатели

Поради украинското гранатирање, нуклеарната централа Запорожје автоматски се префрли на работа на дизел генератори, изјави претседателот на движењето „Ние сме заедно со Русија“, член на Главниот совет на администрацијата на регионот Запорожје, Владимир Рогов.

Loading...

Тој за РИА Новости изјави дека Украина намерно го прекинала последниот далновод и извршила удари врз термоцентралата во Енергодар, со цел да го спречи стартувањето на нуклеарните единици на електраната во Запорожје.

Како резултат на гранатирањето, украинските војници ја оштетија последната комуникациска линија што ја поврзува нуклеарната централа Запорожје со енергетскиот систем на Украина, рече Рогов.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.