Нови дваесет душеци и шест монтажни кревети се донесени во Транзитниот центар Табановце од страна на Црвен крст, информира Регионалниот центар за управување со кризи во дневниот извештај, сместени во првата барака.
Инаку, во центарот во текот на изминатите 24 часа од страна на ДДД служба при ЦЈЗ Куманово извршена e дезинфекција на 14 вагони -2800 м.кв на Железничка станица Куманово, како и дезинфекција на 800 м.кв.простор со објекти во пунктот за помош на бегалците.
Земен е еден примерок на вода за микробиолошка анализа.
Како што информира РЦУК, во бараките на НВО СОС “Детско село” после 18 часот биле згрижени две малолетни деца, а поради лошата состојба на мајката (висока температура) која била однесена со Брза помош во Општа болница Куманово да прима инфузија, во придружба на нејзиниот сопруг.
Децата биле згрижени од страна на вработените од СОС Детско село, со очекување нивните родители да се вратат во Транзитниот центар.