18-годишен Ирачанец е приведен во Виена во врска со истрагата за наводен заговор за напад на концерт на американската пејачка Тејлор Свифт во австриската престолнина.
Loading...
Како што соопшти денеска австриското МВР, приведениот Ирачанец потекнува од истиот круг од кој е и главниот осомничен е 19-годишен Австриец кој има потекло од Македонија, објави Ројтерс.
Свифт вчера, денеска и сабота требаше да пее на виенскиот стадион „Ернст Хапел“, но концертите беа откажани.
19-годишен маж со потекло од Македонија е уапсен под сомнение дека планирал терористички напад на концерт во Виена.