Фенатнил е синтетичка дрога која само за 12 дена усмрти десетици луѓе, а оваа нова дрога е посилна од 20 до 100 пати од хероинот.
Фенатнилот се продава како таблета во сиво-зелена боја со главна хемиска компонента фентанил, кој инаку се користи за ублажување на силни болки, посебно кај заболените од карцином.
Само една таблета од овие синтетички дроги може да доведе до откажување на бубрезите и црниот дроб, отекување на мозокот, предупредува Американската агенција за борва против дрога.
Дилерите често на купувачите им продаваат фенатнил наместо хероин, поради што забрзано расте бројот на починати од предозирање.