Нова апаратура вредна 65 илјади евра за Општа Болница Куманово

Сподели со своите пријатели

Општа Болница во Куманово денеска прими донација од нова апаратура, и тоа апарат за коронарен стрес тест, спирометар, неколку ЕКГ апарати, апарат за ехо на синуси, како и холтер за мерење на крвен притисок и следење на срцевиот ритам.

Loading...

Ариф Љатифи, директорот на Општа болница вели дека преку овие мерки ќе се подобрат услуги за пациентите, а воедно најави и нова инвестиција од Министерството за здравство.

Ќе го промовираме новиот Ургентен центар што ќе биде инвестиција од Министерството за здравство кој ќе се простира на 710 квадратни метри и ќе чини повеќе од 20 милиони. Имаме направено реконструкција на сите санитарни јазли, а во тек е и реконструкција на сите специјалистички амбуланти, односно преместувње на амбулантата за дијабетес од сегашните во нови простории со што дополнително ќе се ангажираат двајца лекари специјалисти и нова апарати, а со тоа ќе се подобрат услугите кон пациентите. Јас мислам дека со ова нашите граѓани ќе имаат поквалитетни здравствени услуги и ќе им помогнеме колку што можеме“- изјави Љатифи.

На денешното предавање на новата апаратура беа присутни и претставници на Министерството за здравство, поточно Насуф Ипчја, државен секретар во Министерството за здравство.

Тој изјави дека ова е Регионален здравствен центар, а право да го користат имаат не само граѓаните од Куманово и околината, туку и од Прешево, Медвеѓа и Бујановац од Република Србија.

Инаку вредноста на новата апаратура е во износ од четири милиони денари, или околу 65.000 евра.