Нов Зеланд: Полицијата трага по мајката на децата чии останки се пронајдени во куфери

Сподели со своите пријатели

Остатоците на две деца се пронајдени во половни куфери купени од магацин во Оукланд, Нов Зеланд.

Loading...

Телата веројатно биле таму со години, а тоа биле деца на возраст од пет до десет години. Телата биле во два куфери со идентична големина.

Истрагата ќе биде сложена поради времето што поминало помеѓу смртта и откривањето.

Едно семејство купило цела приколка натоварена со предмети што се продаваат на големо во магацин, вклучувајќи ги и тие куфери.

Соопштено е дека немаат врска со овие убиства, потенцираат од полицијата. Магацинот и целиот имот беа детално прегледани од вештаци за вештачење.

Гардијан пишува дека жена за која се верува дека е член на семејството е во Јужна Кореја.

Станува збор за Новозеланѓанка родена во Кореја која пристигнала во таа земја во 2018 година и оттогаш нема информации за нејзино заминување, изјави полицаецот.

Тој додаде дека таа може да биде мајка на децата со оглед на нејзината поранешна адреса и возраст.

Loading...

Јужнокорејската национална телевизија КБС објави дека Интерпол побарал од полицијата да ја лоцира жената.