Нов Зеланд најави помош од два милиони долари за Украина

Сподели со своите пријатели

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн најави хуманитарна помош за Украина за поддршка на претстојната зима во износ од три милиони новозеландски долари (околу 1,94 милиони американски долари).

Loading...

Ардерн говореше откако украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати пред парламентот на Нов Зеланд, вториот странски лидер кој некогаш им се обратил на пратениците на островската држава, пренесува Ројтерс.

Во својот говор Ардерн истакна дека војната во Украина „не смее да стане увертира за поларизиран и поопасен свет за генерациите што доаѓаат“ и додаде дека конфликтот во Украина „не е заборавена војна“, јави Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.