Француската метеоролошка служба соопшти дека 61 департман во Франција денес се под портокалово ниво на предупредување и дека се очекува топлотниот бран да трае до крајот на оваа недела.
Метео Франс објави температури помеѓу 35 и 38 степени низ целата земја, додека на југозапад од Франција би можеле да достигнат 41 степен, пренесува BFMTV.
Пожарот во департманот Источни Пиринеи, кој зафаќаше површина од 4.900 хектари, сè уште не е локализиран, објави префектот на департманот, Пјер Рењо де ла Мот.
„Обемот на пожарот е 40 километри. Пожарникарите продолжија со жестоката борба против пожарот во текот на целата ноќ“, рече тој.
Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез потврди дека пожарот не е локализиран, додавајќи дека, сепак, е „стабилизиран на неколку места“.
Околу 800 пожарникари сè уште се мобилизирани за борба против пожарот, а се очекува и дополнителна помош од воздухопловните сили.

