Мачките пред 5.000 години во древниот Египет биле почитувани и обожавани до тој степен што личноста која ќе убие мачка добивала смртна казна.
Но, што тогаш довело луѓето да започнат да се плашат од мачките со црна боја?
Поголемиот дел од историчарите тврдат дека ова суеверие настанало во средниот век. Во тој период многу жени биле обвинети за вештичарење и занимавање со црна магија.
Многу од тие жени имале мачки за кои се грижеле, па така оптужбите кои се однесувале на жените биле пренесени и на нивните домашни миленици.
Ова верување додатно се зацврстило меѓу народот во средината на 16-от век, кога се рашилила приказната за таткото и синот кои наишле на црна мачка.
Според легендата, таткото и синот патувале заедно во ноќта во која немало месечева светлина кога црна мачка им го преминала патот.
Тие фрлале по неа со камења се додека повредена не избегала во куќа на жена која се сметала за вештерка. Следниот ден ја виделе жената во модринки и дека шепа, па заклучиле дека вештерките ноќе можат да се претвораат во црни мачки за да незабележителни преминуваат преку улиците.
Oваа верување одекнало низ Америка во времето кога траело судењето на вештерката од Салем.
Секако, поврзувањето на црните мачки со злото и несреќата не е ништо повеќе од суеверие.
Сепак, голем број луѓе и ден денес веруваат во овој мит.