Норвешки рибари пронашле руски „воен“ кит? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

До рибари на северот на Норвешка пред неколку дена допливал кит белуга, на кој забележале некој вид појас за кој се сомневаат дека потекнува од руската војска.

Loading...

Фотографијата од животното ја испратиле на поморските биолози во Тромоз, затоа што, како што објаснил еден рибар, мислеле дека се заплеткал во нешто што му пречи да плива.

Професор на новершкиот Арктички универзитет во Тромзоу, Аудин Рикардсен бил сигурен дека појасот го ставил човек, но не му било познато дека научници од Норвешка и Русија користат таква опрема.

На снимките се гледа дека китот е дресиран и дека навикнал да плива покрај пловила. Главата ја извадил над површината и ги отворил устата, што сугерира дека очекувал награда како риба.

На појасот кој бил на китот стои натпис „опрема од Санкт Петербург“, а норвешките експерти тврдат дека китот веројатно е од рускиот Мурманск.

Норвежаните на крајот го отстраниле појасот и го пуштиле китот.

фото: Youtube/RT

Leave a Reply