Низ Европа уапсени 22 лица кои се занимавале со нелегална трговија со оружје

Сподели со своите пријатели

Во операцијата предводена од Романија и Бугарија, полициските сили од вкупно 31 земја спроведоа операции насочени кон лица осомничени дека купувале оружје од луѓе вклучени во илегалната трговија со оружје.

Loading...

Во рамките на акцијата претресени се 143 куќи, уапсени се 22 лица, запленети се 129 оружје и поголема количина муниција. EMPCT).

Повеќето од запленетите оружја за предупредување и сигнализација биле модели произведени во Турција пред промената на националното законодавство за нивното производство, соопшти Европол.

Тоа оружје било увезено во ЕУ и легално понудено на продажба во Бугарија и другите земји-членки, пренесува Танјуг.

Меѓутоа, откако ќе се продаде, често се шверцува преку границите и се претвора во смртоносно оружје во други земји во или надвор од ЕУ.

Операцијата кулминираше со акција во неделата координирана од Европол помеѓу 20 и 24 февруари 2023 година, во која беа вклучени органите за спроведување на законот од 31 земја, заедно со Европравда и Европската комисија.