Низ бегалскиот коридор на Табановце за едно деноноќие поминале речиси 5500 бегалци

Сподели со своите пријатели

Дневно, како што јавуваат граѓанските активисти,  во бегалскиот излезен центар во Табановце, пристигнуваат од две до шест илјади бегалци и мигранти од Блискиот Исток.

Loading...

20150902_183333

Според  граѓанскиот активист Александра Давидовска, во текот на изминатото деноноќие, од бегалскиот влезен центар во Гевгелија, со воз, автобуси и такси превоз пристигнале близу 5 500 луѓе, бегалци и мигранти кои се упатуваат кон Србија, поточно кон бегалскиот центар во с. Миратовац од каде продолжуваат да се движат кон Белград, т.е кон Унгарија каде во моментот владее вистински хаос откако полицијата не дозволи продолжување на патот кон Австрија поради одбивање на бегалците и на мигрантите да бидат регистрирани како баратели на азил во Унгарија.

Capture

Бегалците според медиумите го пробиле живиот ѕид и пешки се упатиле кон Виена, пешачејќи по автопатот кој ги поврзува двете држави. Во обид да излезат од Унгарија, репортерот на Ројтерс, повикувајќи се на изјава на бегалец од Сирија, јавува дека бегалците и мигрантите плаќаат и по 500 евра на криумчари на луѓе кои тврдат дека може да ги пренесат преку граница за добиените пари.

11954631_10207387437866610_36934144716689502_n

Инаку, бегалците и мигрантите кои пристигнуваат на Табановце се редовно опслужени со храна и вода, а од вчера, во околината каде во моментот е лоциран бегалскиот излезен центар, поставени се нови четири бараки од страна на УНХЦР.

Екипите на Црвен крст лоцирани на Табановце, според вчерашниот извештај, од 08.оо до 17 часот,  укажале прва помош на 389 лица,  при што се дистрибуирани 52 пакети со храна, 452 шишиња вода, 48 хигиенски пакети, млеко за бебиња и 17 бебешки пакети.

Loading...