Николаев: Дете извлечено од урнатините на зграда

Сподели со своите пријатели

Единаесетгодишно дете е извлечено од под урнатините на повеќекатната зграда во Миколаев, погодена од гранатирање на руските сили, а потрагата по седум лица сѐ уште трае, објави началникот на регионалната воена управа Виталиј Ким.

Loading...

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски го објави клучниот услов на Украина за преговори со Русите

„Вечерва градот Николаев беше цел на масовен напад со ракети С-300. Беше погодена петкатница. Од под урнатините извлечено е единаесетгодишно момче. Детето помина шест часа под урнатините“, напиша Ким утрово на Телеграм, пренесува Интерфакс Украина.

Претходно, градоначалникот на Миколаив, Олександар Сенкевич, објави дека во гранатирањето на градот од страна на руските сили била погодена петкатна станбена зграда.

 

Loading...

 

Утрово повторно беше гранатиран и главниот град Киев, кој рано изутрината беше погоден од беспилотни летала камикази од Иран.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: Русија нè нападна иако Путин објави тридневен прекин на огнот

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.