Никој не го преживеал Алкатраз, но тогаш ФБИ го добила ова писмо (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Алкатраз се до 1963 година бил најчуваниот и најбезбеден затвор во САД. Поради некогавата локација на островот во средината на заливот Сан Франциско во Калифорнија, практично било невозможно да се избега, но ни тоа не спречило повеќе од 30 затвореници сепак да се обидат.

Loading...

Се верува дека никој не успеал додека не пристигнало едно мистериозно писмо. Имено Фенк Морис и браќата Џон и Кларенс Англен кои биле во затворот поради грабеж на банка во 1962 година избегале од озогласениот Алкатраз.

Тие цели шест месеци неуморно го подготвувале своето бегство. За тоа време копале со лажици за да ги прошират вентилациските канали за да успеат да избегаат од затворксата ќелија.

Се верува дека потоа со сплав на дување кој го направиле од дождовните кабаници тргнале во вода во ноќта и од тогаш никој не ги видел. Претходно направиле и кукли кои требале да ги „глумат“ за да никој од стражарите не забележи дека ги нема.

ФБИ верува дека браќата се удавиле при обидот за бегство, но семејството Англин тврди дека во тоа успеале, а т.е. вели дека со едниот од нив се во контакт и дека живее во Бразил. А потоа во седумдесеттите години се појавиле фотографии кои докажуваат дека се живи, во 2013 година се појавило и писмо кое Џон Англен наводно го испратил во ФБИ.

– Моето име е Џон Англен. Во 1962 година со братот Кларенс и Френк Морис избегав од АЛкатраз. Имам 83 години и во лоша сум состојба. Имам рак. Да, таа ноќ сите се извлековме и тоа едвај. Френк почина во октомври 2005 година. Неговиот гроб е во Александрија, закопан е под друго име. Мојот брат почина во 2011 година. Ако ова го објавите на ТВ дека во затворот нема да минам повеќе од година дена и дека ќе добијам право на лекување, ќе ви напишам каде точно се наоѓам. Ова не е шега, пишувало во писмото.

Според писмото, Џон поголемиот дел од животот живеел во Сиетел, осум години минал во Северна Дкота. Во времето кога писмото било испратено наводно живеел во Јужна Калифорнија.

Роднина на браќата Англен рекол дека неговата баба неколку години по бегството примале рози со потписот Џон и Кларенс.

Loading...

Оваа година ФБИ потврди дека писмото навистина постои. Истрагата за убиецот во бегство ќе остане на сила се до 100от роденден на секој од наведените криминалци.

Leave a Reply