Ники Хејли не се откажува од трката за претседател: Не се плашам гласно да ја кажувам вистината

Сподели со своите пријатели

Кандидатката за претседателска номинација на Републиканската партија Ники Хејли изјави дека нема да се откаже од трката за номинација, додавајќи дека не е загрижена за својата политичка судбина.

Loading...

„Не одам никаде. Не се плашам гласно да ги кажувам тешките вистини. Не чувствувам потреба да бакнувам ничија рака. Не се плашам од одмаздата на Трамп. Не барам ништо од него. Не сум загрижена за сопствената политичка иднина“, рече Хејли на митингот во Гринвил, во Јужна Каролина, пренесува порталот Хил.

Таа ја отфрли идејата да се кандидира за потпретседател или да се кандидира во следниот изборен циклус.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп има поддршка од 77,7 отсто од републиканците, додека Хејли ја поддржуваат 16,6 отсто од гласачите на Републиканската партија.

Досега Трамп има убедливи победи на внатрепартиските избори во Ајова, Њу Хемпшир, Невада и Девствените Острови, а во моментов освои 63 делегати, додека Хејли само 17 делегати.

Следните избори ќе се одржат на 24 февруари во Јужна Каролина, родната држава на Ники Хејли каде што таа беше гувернер од 2011 до 2017 година.