Нигер: Во заседа убиени најмалку 17 војници

Сподели со своите пријатели

Најмалку 17 војници на вооружените сили на Нигер загинаа во заседа, а 20 од нив се ранети, соопшти Министерството за одбрана на таа земја.

Loading...

Министерството соопшти дека војниците биле нападнати од заседа во близина на градот Кутугу додека патувале.

Како што јави Ал Џезира Балканс, Министерството соопшти дека се повредени 20 војници, од кои шест потешко, а ранетите се евакуирани во главниот град Ниамеј.

„За време на воената операција започната како одговор на заседата беа неутрализирани околу 100 терористи, а уништени се 50 мотоцикли. Акцијата за пребарување се уште е во тек“, се вели во соопштението.