Ни треба ли нов владин авион? Томовски тврди дека постоечкиот често се расипува!

Сподели со своите пријатели

Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Македонија, Ивица Томовски, оцени дека е потребен нов државен авион за службени патувања во странство на службени лица, бидејќи постојниот не ги задоволува потребите и често се расипува.

Loading...

– Ако се стремиме и сакаме да бидеме сериозна земја, треба да имаме соодветен авион, а авионот што го имаме моментално има само шест седишта, е непрактичен за поголеми делегации и често се расипува. Затоа верувам дека треба сериозно да размислиме за купување на нов авион, можеби користен, но не постар од две или три години. За ова прашање треба да има заеднички консензус меѓу опозицијата и власта“, рече Томовски во интервју за емисијата „360 степени“ на јавниот сервис МРТ 1.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Средба Димитриевски – Рокас: Реформите во администрацијата и правосудството покажуваат дека Владата е на вистинскиот пат

Тој се согласи дека владиниот авион Леарџет 60, купен во 2005 година, не е многу стар и редовно се одржува, но, како што рече, многу често се случуваат дефекти.

„Сега ќе оди на итна служба во Виена, бидејќи резервоарот за гориво протекува, а тоа е навистина сериозен проблем. Имавме неисправност на некои мерни инструменти кои ја мерат емисијата на гасови, неисправност поради која компанијата што ги сервисира не ни дозволи да летаме, па претседателот на Собранието беше принуден да се врати во Македонија со редовен лет“, рече Томовски.

Поради дефект на државниот авион, за потсетување, претседателката на Македонија Гордана Силјановска Давкова не отпатува во Париз на 7 декември минатата година на свеченото отворање на реновирањето на катедралата Нотр Дам.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Средба на државниот секретар Петрушевски со делегација од Одделот за меѓународна соработка во швајцарскиот Државен секретаријат за миграција

Според Ивица Томовски, нов владин службен авион би чинел од 30 до 40 милиони евра и повеќе, а за набавка на половен би биле потребни околу 15 милиони евра.