Невработеноста во Британија порасна на 4,3 отсто

Сподели со своите пријатели

Стапката на невработеност во Велика Британија се зголеми од четири отсто во претходниот период на 4,3 отсто во кварталот од јули до септември.

Loading...

Во исто време, забавувањето на растот на платите ги зголемува изгледите за натамошно намалување на каматните стапки, објави денеска британската канцеларија за национална статистика (ONS).

Процентот на луѓе во Велика Британија кои не се економски активни, односно не се вработени и не бараат работа е 21,8 отсто.

Платите во Обединетото Кралство, без бонусите, се зголемија за 4,8 отсто на годишно ниво во кварталот јули-септември, забавувајќи се од растот од 4,9 отсто во претходниот квартал.

Економистите веруваат дека Банката на Англија би можела да продолжи постепено да ги намалува каматните стапки врз основа на побавниот раст на платите во Британија, пишува Гардијан.

Експертот на агенцијата Capital Economics, Пол Дејли, смета дека Банката на Англија ќе ги задржи каматните стапки на исто ниво во декември и ќе ги намали на состанокот за монетарната политика во февруари.

Британската фунта падна за 0,5 отсто на 1,2806 долари, што е најниско ниво од средината на август, по објавувањето на податоците за невработеноста и платите.