Невработените кумановци може да аплицираат за обука за побарувани занимања

Сподели со своите пријатели

Агенцијата за вработување, центар за вработување Куманово ги повика невработените кумановци да аплицираат за мерката обука за побарувани занимања на пазар на труд и за мерката „втора шанса“ и двете дел од владиниот оперативен план за намалување на невработеноста, соопштија денеска од куманвскиот центар.

Loading...

Во Куманово, невработените оние со минимум завршено основно образование можат да аплицираат за занимање-фризер и оператор за компјутерски системи и мрежи.

– За овие две занимања можат да аплицираат сите кои се пронаоѓаат во овие дејности, без разлика на степенот на образованието. Невработените со завршено најмалку средно образование можат да аплицираат за службеник за сметководство, дигитален маркетер и оператор за компјутерски системи и мрежи, изјави раководителката на Центарот, Марија Димитријевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Детска претстава и концерт на Дарко Тодоровски утре во Занаетчискиот дом

Огласот трае, но добро е заинтересираните навремено да си поднесат барања, бидејќи бројот на учесници е ограничен.

Вората мерка, насловена „втора шанса“ овозможува на активните баратели на работа да го компелтираат своето средно стручно образование со што ќе добијат диплома за завршено средно стручно образование која не ја стекнале во редовниот образован процес.

Пријавувањето за мерката е до 27 јануари, годинава. Потребните документи се достапна на веб-страницата на Агенцијата, а можат да се информираат и лично во просториите на центарот за вработување.

Целни групи за двете мерки се корисници на гарантирана минимална помош, млади до 29, припадници на ромска етничка заедница, жени, лица со попреченост и долгорочно невработени лица над 12 месеци во кумановскиот центар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со фалсификувани долари се коцкал во казино

МИА

Loading...