Астроунаут на Европската вселенска агенција, Паоло Несполи успеал да направи неверојатна снимка од вселената.
Имено, тој од Меѓународната вселенска станица успеал да сними несекојдневен призор на поларната светлина. Иако овој призор за многумина е познат и од Земјата, вакво нешто сепак до сега не е видено.
Видео снимката која трае триесетина секунди јасно покажува како зелената светлина преминува на површината на Земјата.
Поглед за паметење: Од кревет во стаклено игло следете ја поларната светлина (видео)
Loading...
Поларната светлина е светење на ноќното небо, обично во поларните зони. На север се нарекува аурора бореалис, а кога ќе се јави на Јужниот пол се вика аурора аустралис. Бидејќи двете аурори се од исто потекло научниците ги нарекуваат поларни аурори.
Името „северна зора“ настанало од впечатокот кој се стекнува при поваја на аурората, особено гледано од Европа – на северниот хоризнот се појавува црвена светлина како на истокот пред изгрејсонце.