Нетфликс ги намали цените во Македонија и 30 други земји

Сподели со своите пријатели

Стриминг сервисот Нетфликс ги намали цените во повеќе од 30 земји во обид да привлече повеќе претплатници.

Loading...

Цените се намалени во делови од Азија, Европа, Латинска Америка, Африка и Блискиот Исток, а одлуката доаѓа бидејќи трошоците за живот се зголемуваат, а Нетфликс се соочува со зголемена конкуренција.

„Потрошувачите никогаш немале поголем избор кога станува збор за забава“, изјави портпаролот на компанијата за Би-Би-Си.

Земји каде што цените на претплатата се намалени се Македонија, Србија, Хрватска, Малезија, Индонезија, Тајланд, Филипини, Венецуела, Кенија, Иран…

Во некои случаи, претплатата се намалува за половина, како што е случајот и во Македонија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  НЕВЕРОЈАТНА ГЛЕТКА: Слон се прошета низ центарот на градот (ВИДЕО)

 

 

Loading...

„Секогаш се стремиме да го подобриме искуството на нашите членови. Можеме да потврдиме дека цените ќе се ажурираат во одредени земји“, рече портпаролот на Нетфликс.

Netflix, кој работи во повеќе од 190 земји, се соочува со зголемена конкуренција од Amazon, HBO и Disney.

Од компанијата велат и дека имаат планови за оние кои споделуваат претплати.

На почетокот на овој месец беше објавено дека во неколку земји ќе бидат воведени ограничувања за споделување лозинки, што значи дека клиентите ќе треба да платат дополнителен надомест доколку сакаат да споделат сметка со пријателите, пренесува Танјуг.