Несекојдневен случај во Франција: Починал затоа што пиел многу вода

Сподели со своите пријатели

Еден човек во Франција починал откако испил премногу вода, па затоа е отворена истрага во болница во одделот во Жиронд, каде починал.

Loading...

Необичниот случај се случил на 22 февруари во болницата во Кадијак, пренесува „Републиканскиот суд во Жиронд“.

Се сомнева дека станува збор за потоманија, состојба во која едно лице има нездрава и прекумерна потреба од пиење.

Полицијата покренала истрага поради тој случај, а нарачана е и обдукција на починатиот.

Потоманија е патолошко невролошко заболување при кое е оштетен мозочниот центар кој ја регулира жедта. Како резултат, може да дојде до труење на организмот кај луѓе кои пијат повеќе од 10 литри вода на ден, наведува „Фигаро“.

Бидејќи нивото на урина во организмот се зголемува како резултат на прекумерно внесување на вода, бубрезите не успеваат, а поради прекумерна хидратација на клетките и пад на нивото на натриум во крвта, може да се појави едем на мозокот.

Leave a Reply