Нема да се затвори подрачното училиште во Тромеѓа, велат од општината

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово ги отфрли како неосновани сите шпекулации и невистинити информации што деновиве се појавија во јавноста во врска со наводното затворање на подрачното училиште на ООУ „Христијан Карпош“ во село Тромеѓа.

Од локалната самоуправа информираат дека станува збор за дезинформации кои предизвикале непотребна загриженост кај наставниците, учениците и родителите.

Оттаму апелираат до граѓаните одговорно да постапуваат и да не споделуваат непроверени информации и тврдења кои создаваат вознемиреност во јавноста.

„Интензивно работиме на изнаоѓање решение во услови кога низ целата држава се бележи намалување на бројот на ученици во руралните средини, а паралелно се следи и процесот на оптимизација во основното образование што е во тек“, наведуваат од Општина Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Реконструкцијата продолжува, ќе се отстранува асфалтот од цела „Моша Пијаде“

Од општината потенцираат дека остануваат посветени на обезбедување квалитетни и соодветни услови за непречено одвивање на воспитно-образовниот процес и во урбаните и во руралните средини.

Според нив, само преку отворена комуникација, меѓусебна доверба и соработка со граѓаните може да се зачуваат образовните капацитети и да се обезбедат реални услови за образование за сите ученици.

Никола Ивановски