Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Кон крајот на денот ветерот ќе ја намали брзината. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со периоди на сонце, но и слаби услови за дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу три степени под нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне 11 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку луѓе гласале во Куманово до 13 часот?

 

Loading...

 

Утре во куманвско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу вториот степен, а максималната дневна ќе достигне 16 степени целзиусови.

Среда повторно носи претежно сончево време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен, односно северозападен правец. температурата ќе биде во интервал од два степени во утринските часови до максимални 19 во текот на денот.

Претежно сончево време со мала облачност нѐ очекува во четврток. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу три степени, а максималната дневна ќе достигне до 21 степен целзиусов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каква е излезноста во Куманово до 15 часот?

 

 

Во петок исто така ќе имаме сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, односно североападен правец. Температурата ќе се движи од седум степени во утринските часови до максимални 24 степени целзиусови во текот на денот.

Loading...

Сабота носи претежно облачно време со малку сонце. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од 8 степени во утринските часови до максимални 18 во текот на денот.

Во недела ќе имаме променливо облачно време со услови за сонце, но и врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе биде околу пет степени целзиусови, а максималната дневна ќе достигне до 13 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На три места во Куманово гласањето во прекин

 

 

Слично време нѐ очекува и на почетокот на следната работна недела.

Никола Ивановски