Неделна прогноза за Куманово: Услови за дожд и грмежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со умерена облачност.

Loading...

Попладне во западните и крајните источни делови ќе има развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, но и со услови за грмежи и краткотраен дожд во попладневните часови на одредени локации.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 26 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановци се тепале во центарот на градот

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со кратки сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на грмежи и дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 9 до максимални 23 степени целзиусови.

Во среда ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди, но и услови за врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југоисток, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 10 до максимални 22 степени целзиусови.

И во четврток ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 11 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 20 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пијан Србин бил агресивен кон полицајци во Младо Нагоричане

 

 

Облачно време со врнежи од дожд ќе имаме и во петок. Ќе дува слаб до умерен северен и северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 18 степени целзиусови.

Врнежи од дожд ќе имаме и во сабота кога ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 9 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 19 степени целзиусови.

Во недела ќе имаме променливо облачно време,. но со повеќе сонце и без врнежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец, а температурата ќе се движи меѓу 8 и 19 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќа изгоре во пожар во Куманово

 

Loading...

 

Слично време се очекува и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски