Скопјанка натепала кумановка во кафеана, полицијата ја привела

Сподели со своите пријатели

Триесет и шестгодишна жена од Скопје викендов била приведена во угостителски објект откако физички нападнала кумановка.

– На 05.07.2026 во 00:30 часот полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода И.Т.(36) од Скопје, затоа што во угостителски објект во село Зебрњак, кумановско, физички ја нападнала В.Т. (46) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лице во бессознание пронајдено пред зграда во Куманово