Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со сончеви периоди, но и услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец.
Температурата ќе се движи во интервал од еден степен под нулата во утринските часови до максимални 9 степени во текот на денот.
Утре во кумановско ќе имаме претежно облачно време со услови за врнежи од дожд, но и кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу еден степен над нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне 13 степени целзиусови.
И во среда се очекува комбинација од облачно време со сонце и врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од еден степен во утринските часови до максимални 12 во текот на денот.
Во четврток се очекува да престанат врнежите од дожд, а дневната температура да започне да расте. Нѐ очекува претжено облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се движи околу четвртиот степен, а максималната дневна се очекува да достигне 17 степени целзиусови.
Во петок ќе имаме повторно услови за дожд и комбинација на облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, односно југоисточен правец. температурата ќе биде во интервал од 8 степени во утринските часови до максимални 19 во текот на денот.
Во сабота ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен, односно југостичен правец. Температурата ќе биде во интервал од 7 степени во утринските часови до максимални 20 во текот на денот.
Претежно облачно време со кратки сончеви периоди, но и услови за слаб дожд ќе имаме во недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу 9 степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 22 степени целзиусови.
Врнежи од дожд се очекуваат и во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски