Нед Прајс заминува од функцијата портпарол на Стејт департментот

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс ќе се повлече овој месец, соопштија американските власти.

Loading...

„За луѓето во САД и ширум светот, Нед Прајс често беше лицето и гласот на американската надворешна политика. Тој дејствуваше со исклучителен професионализам и интегритет. Во име на Стејт департментот, му благодарам на Нед за неговата извонредна услуга“ изјави државниот секретар Ентони Блинкен, пренесува Politico.

Прајс, кој беше главен портпарол на Стејт департментот од јануари 2021 година, ќе преземе нови должности во кабинетот на Блинкен, се вели во соопштението.

Претставник на Стејт департментот, кој сакаше да остане анонимен за кадровските прашања, рече дека Прајс ќе преземе должности насочени кон политиката во кабинетот на Блинкен, но сè уште не е познато која ќе биде неговата потесна област на работа, според Политико.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За судењето на Трамп беа избрани 12 членови на поротата

Пред Стејт департментот, Прајс работеше како аналитичар на ЦИА, а беше и портпарол на Советот за национална безбедност за време на мандатот на претседателот Барак Обама.

Ведант Пател, сегашниот заменик на Прајс, ќе ги извршува неговите должности на привремена основа, изјави претставник на Стејт департментот.