Не се очекува контакт меѓу руската и американската делегација на Г20

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс денеска изјави дека САД не очекуваат никаков контакт меѓу американската и руската делегација на претстојниот самит на Г-20.

Loading...

– Не очекувам дека ќе има разговори меѓу САД и Русија во контекст на Г-20, рече Прајс на брифингот, пренесе РИА Новости.

Самитот на Г20 ќе се одржи на 15 и 16 ноември на индонезискиот остров Бали.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Германија работат 820.000 вработени од земјите кои се приклучија на ЕУ во 2004 година