Наздравувате со чаша вода? Па, можеби и не би требало!

Сподели со своите пријатели

Наздравувањето е предизвик само по себе: ако сте таа личност која ќе стане да каже неколку зборови за здравица и ќе ја започне вечерта со едно „На здравје“, проверете дали сте подготвени и ги знаете правилата за наздравување.

Loading...

Здравица со чаша вода?! НИКОГАШ!

Најважно е да имате нешто во чашата пред да ја подигнете и што е уште поважно, проверете чашата да не е исполнета со вода.

 

 

Всушност, според суеверијата, би било подобро да се наздрави со празна чаша отколку со вода.

Наздравувајќи со чаша вода, според суеверието на нашите народи, му посакувате на вашиот гостин и на себе си лоша среќа.

Loading...

Верувањето дека никогаш не треба да се наздравува со вода во чаша датира од времето на античките Грци: Ова суеверие е цврсто вкоренето во историјата.

Според грчката митологија, мртвите секогаш пиеле од реката Лета во длабочините на подземниот свет, со цел да го заборават својот минат телесен живот.

Како резултат на оваа приказна, Грците секогаш наздравувале за мртвите со чаши исполнети со вода за да го симболизираат нивното патување, преку реката, до подземниот свет.

Како последица на оваа морбидна приказна, се смета дека здравица во нечија чест со вода е слично на тоа да му посакале лоша срежа, а можеби дури и смрт.

 

 

Многу луѓе исто така веруваат дека наздравувајќи со вода, тие исто така сакаат смрт за себе, бидејќи оваа течност го рефлектира вашиот иден воден гроб.

Loading...

Покрај тоа што ќе му посакате смрт на вашиот драг гостин и на самите себе, наздравувањето со вода ќе предизвика и гнев на боговите. Здравицата отсекогаш се сметала за желба што им ја давате на боговите, нудејќи им го вашиот пијалок додека кревате чаша.

Прославата со чаша исполнета со вода, здодевен и неутрален пијалок, не ја ценеле боговите и секој што ќе се осмелил да наздрави со овој пијалок, ќе доживеел трагична судбина.

Leave a Reply