Наставничка по математика од Англија е затворена поради сексуална злоупотреба на момче на кое му давала часови на интернет, пишува Би-Би-Си.
Полицијата во Нотингемшир соопшти дека Холи Роус-Свини (37) договорила да се сретне со тинејџерот во нејзиниот поранешен дом и имала сексуален контакт со него во неколку наврати и покрај тоа што знаела дека е малолетен.
Мајката на тинејџерот ги пронашла несоодветните пораки на наставничката на WhatsApp
Мајката на момчето во мај минатата година на WhatsApp на неговиот мобилен телефон пронашла непримерни пораки од наставничката и ја известила полицијата.
Наставничката доби шестгодишна затворска казна во Крунскиот суд во Нотингем во петокот, откако призна повеќе дела.
Во дневникот таа детално го опишала злоставувањето на момчето и ја навела неговата возраст
По апсењето на 37-годишната, полицијата на нејзиниот лаптоп пронашла неколку инкриминирачки записи во дневник во кои таа детално го опишала злоставувањето и ја споменувала возраста на момчето.
Таа тврдела дека нејзините постапки биле под влијание на долгорочна состојба на ментално здравје.
„Наместо да го научи математика, таа го искористила за да ги задоволи сопствените сексуални потреби“
Наставничката Роус-Свини се изјаснила за виновна по две точки од обвинението за непродорна сексуална активност со момче и четири точки за поттикнување момче на сексуална активност.
Таа, исто така, беше додадена во регистарот на сексуални престапници и и беше забрането да се приближува и да има каков било контакт со жртвата.
Полицискиот специјалист за злоупотреба на деца, Кили Брингхерст, рече дека случајот е ужасно нарушување на довербата од некој што поминува време со ранливо дете.
„Наместо да го научи математика, таа го користела за да ги задоволи сопствените сексуални потреби“, вели Кили Брингхарст.