Населението на Јапонија падна под 120 милиони за прв пат по децении

Сподели со своите пријатели

Бројот на јапонски граѓани кои живеат во нивната земја падна под 120 милиони за прв пат по 42 години, според најновите податоци од Министерството за внатрешни работи и комуникации на земјата.

На 1 јануари, во Јапонија живееле 119,74 милиони граѓани, што е за 0,76 проценти помалку од претходната година. Ова е 17-та година по ред на пад, откако нивниот број го достигна својот врв во 2009 година.

Во исто време, бројот на странски државјани достигна највисоко ниво откако овие податоци се чуваат од 2013 година. Вкупното население на Јапонија, вклучувајќи ги и странците, е приближно 123,8 милиони, пишува АФП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Алармантни податоци: Европа е континентот што се затоплува најбрзо на планетата - двојно побрзо од остатокот од светот

Демографската криза веќе предизвикува недостиг на работна сила, зголемување на трошоците за социјална помош и намалување на даночната основа во четвртата најголема економија во светот.

Стапката на фертилитет, или просечниот број на деца што една жена треба да ги роди во својот живот, падна на рекордно ниско ниво од 1,14 минатата година. Ова е десетта година по ред од неговото намалување.

Минатата година во Јапонија се родени нешто повеќе од 670.000 деца, приближно 15.000 помалку од претходната година и најмалку откако започна водењето евиденција во 1899 година.

Властите се обидуваат со разни мерки за поттикнување на браковите и зголемување на стапката на наталитет, а една од нив е апликацијата за запознавање TOKYO Enmusubi.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Затворена нуклеарна централа во Романија: Дунав падна на историски минимум, властите апелираат да се штеди

Благодарение на апликацијата, која користи вештачка интелигенција, досега се венчале 265 парови. До крајот на јуни, таа имаше околу 16.000 регистрирани корисници, избрани од приближно 36.000 апликанти, додека 760 парови беа во сериозни врски.