Лансирањето на новата ракета на американската вселенска агенција НАСА на Месечината повторно е одложено, а следниот пробен лет ќе биде најрано на 27 септември.
Loading...
Лансирањето досега беше два пати прекинато поради технички проблеми.
Овој долгоочекуван пробен лет на мисијата Артемис 1, без екипаж во него, треба да го тестира „Системот за вселенско лансирање“ во реални услови и капсулата Орион во која во иднина ќе бидат сместени астронаутите.
Лансирањето ќе означи пресвртница во обидот на Америка да ги врати астронаутите на површината на Месечината за прв пат по завршувањето на програмата Аполо пред 50 години.