НАСА: Астероид ќе помине „релативно близу“ до Земјата

Сподели со своите пријатели

Небесно тело чија големина се проценува од 14 до 40 метри, денеска ќе помине близу Земјата.

Астероидот наречен „2018 СВ“ ќе мине денеска на далечина помала од петина од одалеченоста помеѓу нашата планета и Месечината.

АСТЕРОИД КОЈ ГИ ЗБУНИ НАУЧНИЦИТЕ: Вакво нешто се уште немаат видено!

Loading...

Објектот е воочен пред пет дена и ќе мине на одалечина од 69.700 километри од Земјата.

Астеродиот прв пат е забележан во рамките на астрономското истражување „Каталина скај сурвеј“ во американскиот град Тусон – проект кој го финансира НАСА за снимање на потенцијално опасни астероиди.

НАСА има таен протокол за удар на астероид во Земјата

Сепак, иако ќе помине „релативно близу“ Земјата за астрономски услови, астероидот не е ни близу да претставува закана, пренесува ВВС.

– Иако е поприлично мал, може да биде поголем од астероидот кој влезе во атмосферата над Челебинск во Русија, пред околу пет години, објаснува менаџеот на Центарот за студии на објекти покрај земјата Пол Чодас.

Крај на светот? Еве како ќе исчезне човештвото!

Според неговите зборови, астероидите од оваа големина не се приближуваат до нашата планета „толку близу“.

– Можеби само еднаш или два пати годишно, рекол Чодас.

Во околината на Челебинкс во 2013. година повеќе делови на метеорид се распаднаа на површина од триесетина километри над Земјата.

Leave a Reply