НАПНАТО НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Сирија собори израелски авион (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Израелскиот борбен авион Ф-16 е оборен кога сириската противвоздушна добрана реагираше на израелскиот напад на територијата која ја контролира Сирија.

Објавено е и видео од местото на падот на леталото.

Од сириска страна соопштуваат дека била нападната воената база, додека израелската војска соопшти дека еден нивен авион е соборен, но дека пилотите се спасени.

Експлозиите можеле да се слушнат и во регионот на Либан, во близина на сириската граница.

Портпаролот на израелската војска Џонатан конрикус рекол дека иран е одговорен за ова „тешко кршење на израелскиот суверентитет“.

Војската посочува дека ја набљудува ситуацијата и е во борбена готовност.

Loading...

Leave a Reply