Напната ситуација во рускиот регион Белгород по обидот за упад на Украина

Сподели со своите пријатели

Ситуацијата во руската област Белгород, која граничи со Украина, и понатаму е тешка, изјави во средата гувернерот на регионот, Вјачеслав Гладков, еден ден откако Москва соопшти дека нејзините сили ги спречиле обидите на украинските војници да ја преминат границата.

Loading...

„Ситуацијата во областа Краснојаружски останува тешка“, рече Гладков во видеото објавено на Телеграм.

Властите во Белгород соопштија дека најмалку еден војник загинал при гранатирање на областа.

„Како резултат на гранатирањето, загина војник од единицата „Орлан“, а четири лица се ранети“, објави регионалната влада преку својот канал Телеграм, додавајќи дека има жртви и во други делови од регионот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Киев: Русија синоќа истрела шест проектили и 145 дронови во Украина

Жителите на округот Краснојаружски изјавија во групите на локалните социјални медиуми дека властите го ограничиле влезот во областа.

Оваа информација ја потврди началникот на округот Виталиј Кутоманов, кој истакна дека привремените мерки се воведени „од безбедносни причини“.

Регионот Белгород често беше цел на напади со беспилотни летала и гранатирање од Украина за време на тригодишната војна.

Руското Министерство за одбрана, како што јавија државните новински агенции, во вторникот соопшти дека руските сили спречиле пет обиди на украинските војници да ја преминат границата во регионот на Белгород, пренесува Ројтерс.

Loading...