Нападната американска база во североисточна Сирија

Сподели со своите пријатели

Денеска е нападната воената база Деир ез-Зор во североисточна Сирија, соопшти Генералниот директорат за радио и телевизија на Сирија.

Loading...

Податоци за жртви и материјална штета не се дадени, јавуваат агенциите.

Според Дирекцијата, врз базата биле истрелани неколку проектили, по што над нападнатата област биле подигнати американски борбени хеликоптери.

Од 2015 година, Американците формираа девет воени бази на североистокот на Сирија во областите Деир ез-Зор, Рака и Ал Хасак, што предизвикува незадоволство кај официјален Дамаск.

Тие се главно под контрола на Курдите од Сириските демократски сили, организација поддржана од Вашингтон.

Сирискиот режим на Башар ал Асад смета дека овие територии се окупирани и бара повлекување на американските сили од земјата.