Нападнат американскиот конзулат во Сиднеј

Сподели со своите пријатели

Австралискиот премиер Ентони Албанес повика денеска на смирување на тензиите меѓу пропалестинските и произраелските активисти, откако непознато лице со качулка со чекан го скрши прозорецот на американскиот конзулат во Сиднеј.

Loading...

Полицијата соопшти дека во нападот на конзулатот кој се случи во 3 часот по полноќ биле нацртани два црвени триаголници кои за многумина го симболизираат палестинскиот отпор, пренесува АП.

„Луѓето се трауматизирани од настаните на Блискиот Исток, особено оние чии роднини се во Израел или на окупираните палестински територии. Го повторувам мојот повик да се намалат тензиите“, рече Албанес.

Во соопштението на американскиот конзулат се вели дека конзулатот е затворен поради државен празник и ќе продолжи со работа во вторник.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Австралија, Канада и Нов Зеланд бараат итен прекин на огнот во Газа