Најсвирепите убиства во Куманово во 60ите години на минатиот век (ДЕЛ 2)

Сподели со своите пријатели

Во текот на шеесеттите години на минатиот век во Куманово и околината биле извршени низа грозоморни убиства. За нив податоци најдовме во богатата архива на некогашниот „Наш весник“ и дел од нив ви ги пренесувам сега, шест децении подоцна.

Loading...

За дел од нив навистина треба да имате „силен желудник“, затоа напоменуваме дека овој текст може да биде вознемирувачки за дел од публиката.

Најсвирепите убиства во Куманово во 60ите години на минатиот век (ДЕЛ 1)

 

 

Го задушил поради имот

Стојмен Божинов Ивановски од Пендаќ, кратовско, живеел само со својата внука, бидејќи не бил во состојба да го обработува имотот, како и да го одгледува добитокот решил да бара маж за внуката Јованка кој воедно и ќе му стане домазет.

Loading...

Набргу се јавил Љубомир Ангеловски, кој во оа време работел во рудникот „Опаска Бреча“ во Бељаковце. При спогодбата Љубомир се сложил да стане домазет, но под услов Стојмен да му го препише половина од имотот. Стојмен се сложил со тоа, но го одолговлекувал препишувањето на имотот.

По повеќето интервенции, како од страна на Љубомир, така и од други лица, Стојмен склучил договор за доживотна издршка, според кој на Љубомир по смртта, му останува половина од имотот. Но, не поминало долго време, Стојмен се предомислува и често му велел на Љубомир дека договорот за доживотна издршка ќе го раскинел.

Плашејќи се дека ќе го изгуби имотот Љубомир одлучил да го лиши од живот Стојмена задушувајќи го со голи раце во една прилика кога двајцата се нашле сами во куќата.

 

 

Берел цреши, па свирепо бил убиен

Новча Величковски од Старо Нагоричане, Бранко Стефановски и Стоилко Додевски од Куманово, во селото Пелинце биле на час по предвојничка обука. Таму се задржале до доцна вечерта, па утредента пошле на работа во Куманово. Кога стасале во близина на овоштарникот на Земјоделскиот комбинат „Куманово“, кој се наоѓа во Младо Нагоричане, ја измениле својата одлука и решиле тој ден да не одат на работа, туку да се вратат и да се капат во реката Пчиња.

Loading...

За да испаднат на патот Куманово  – Крива Паланка, а од таму да продолжат за Пчиња, тие поминале низ овоштарникот каде што забележале едно дрво со малку цреши, инаку овоштарникот бил обран.

Новча се качил на дрвото за да набере цреши. Не набрал ни половина килограм, кога чуварот на овоштарникот го забележал и се упатил кон него.

Бранко и Стоилко, кои стоеле под црешата избегале, додека Новча, симнувајќи се од дрвото го стигнал чуварот, кој  удирајќи го неколку пати со стап по главата го оставил мртов на лице место.

На претресот во кумановскиот суд, чуварот Чедомир Јовановски бил осуден на 11 години строг затвор.

 

 

Ја обесил очувот затоа што не сакала да биде со него

Loading...

Неџип Сејди од кумановското село Ваксинце откако останал вдовец во 1963 година отпатувал во Босна да бара жена за себе. Во селото Мемеќи ја пронашол вдовицата Зилмија Хамзиќ, која веднаш се согласила да дојде за Неџип, дури и не нашла за потребно да ги извести своите домашни.

Тие долго време не знаеле каде се наоѓа Зилмија. Кога нејзиниот син Авдо разбрал каде се наоѓа неговата мајка, дошол во посета. Неџип убаво го пречекал, а мајка му побарала една слика од нејзиното семејство за спомен.

Кога на фотографијата Неџип ја забележал младата и убава ќека на Зилмија, Фатима, се воодушевил. Сега, Неџип повторно заминал во Босна за да ја доведе Фатима. Бидејќи браќата на Фатима не сакале да ја пуштат, Неџип излажал дека Зилмија е болна и браќата се согласиле.

Веднаш по нивното пристигање во селото Ваксинце, Неџип сакал да ја освои младата Фатима, но таа се спротивставила. Неџип инсистирал и најпосле извршил прељуба над неа. Фатима и натаму давала отпор, но Неџип едно извесно време со сила одржувал интимни односи со неа.

Заради отпорот што го давала Фатима, заради нејзината непокорност, Неџип и Зилмија се договориле да ја убијат.  Тоа и го сториле, ја обесиле за една греда во куќата.

Окружниот суд во Куманово ги осудил на затворска казна од 15 години.

Loading...

 

 

Ја убил сопругата, бидејќи започнал живот со нова

Богдан Ангеловски од кривопаланечкото село Подржикоњ бил во брак со Рајна Ангеловска цели 20 години.

Loading...

Односите во нивниот биле добри се додека Богдан не започнал интимно да живее со друга жена. Заради тоа започнале чести расправии.

Мислејќи дека ќе си ја олесни ситуацијата Богдан приготвил план да се ослободи од својата жена. Во една караница тој ја удрил со камен по главата, а  потоа зашеметената жена ја турнал во еден вир полн со вода, ја држал за нозете се додека не престанала да дава знаци за живот.

Подоцна трупот на жената го пронашол таткото на Богдан кој веднаш го известил својот син, а тој откако разбрал, наводно изненаден започнал да плаче.

На претсесот во судот во Крива Паланка Богдан Ангеловски бил осуден на казна затвор од 15 години.

 

Loading...

 

Убил 19-годишник по караница за банкнота

На 7 јули 1964 година на улицата зад Занаетчискиот дом, деветнаесетгодишниот продавач на семки и кикирики Абдула Јакуповски го убил 19-годишниот ученик Димитар Христовски, кој работел како опинчар.

До 18 часот убиениот Димитар работел во дуќанот на својот мајстор, а потоа излегол да се прошета. Патем, Христовски од продавачот на семки побарал кикирики. Притоа почнале да се шегуваат еден со друг и набргу шегувањето преминало во караница. Причина за целокупната караница била една банкнота од 100 динари што во меѓусебната караница ја скинале.

Абдула се налутил и со нога го удрил Димитар кој започнал да бега, но набргу продавачот успеал да го достигне и започнал да го удира неконтролирано. Смртоносниот удар потекнувал од камен, што Абдула го нашол на улицата.

Loading...

По тричасовно трагање убиецот бил фатен и лишен од слобода.

 

 

Брутално ја тепал до смрт жената оти не му одговарала на неговиот татко

Loading...

Алит Алили бил татко на пет деца без жена. Неговиот најстар син Џевит Џамаили гледајќи како татко му се мачи сам околу нив, решил еден ден да го ожени.

Така Џевит ја довел Незифа Весељковиќ кај татко си и му предложил да ја задржи оти не може повеќе да живее сам со децата. Стариот Алип Алии во прво време не сакал да се сложи со предлогот на својот син, но по кратко убедување прифатил и така почнал вонбрачно да живее со Незифа.

Првите денови од декември 1964 година не најавувале дека ќе се одигра несекојдневен случај. По неколку дена за ситна домашна работа Назифа била претепана од Алип Алии при што добила лесни телесни повреди. Налутен Алеп сакал да ја истера, но кога дошол на ред неговиот син кој му велел „Татко ти не можеш да ја истераш, јас сум ја довел и што сакам тоа ќе работам со неа“.

Од тој ден дваесетгодишниот Џавит Џемаили почнал да ја малтретира Назифа секојдневно удирајќи ја со дрво, камења и тапиот дел од секирата.

Од тие повреди што и биле нанесени од страна на Џавит, жената почнала да боледува. Џавит не се смирил и тогаш кога видел дека од добиените повреди Назифа одвај можела да се движи, па така неподвижна продолжил да ја малтретира се додека на 4 јануари 1965 година не починала.

Кога веќе се било готово, убиецот не сакал да ги изврши посмртните муслимански верски обреди, туку без никој да знае ја закопале.

По кратко време целиот случај бил расветлен со тоа што вештакот и криминалистиката од Скопје при обдукцијата установиле дека Назифа Весељковиќ имала деобиено смртоносни повреди во пределот не ‘рбетот по што настанала смртта.

Обвинетиот Џавит Џемаили на претресот во потполност го признал стореното дело и затоа на судот не му било тешко да изрече пресуда строг затвор од шест години.

Четиримесечна казна затвор за нанесување мала повреда добил и неговиот татко Алит Алии.

 

Најсвирепите убиства во Куманово во 60ите години на минатиот век (ДЕЛ 1)

 

Извор: „Наш весник“

Leave a Reply