Најпознатиот хакер во светот, Кевин Митник, почина на 59-годишна возраст

Сподели со своите пријатели

Најпознатиот и првиот хакер во светот, Кевин Митник, кој своевремено беше еден од најбараните сајбер-криминалци на американското Федерално истражно биро (ФБИ), почина на 59-годишна возраст.

Loading...

Митник почина во неделата по 14-месечна битка со ракот на панкреасот, јави Би-Би-Си, пренесува Танјуг.

Тој помина пет години во затвор за компјутерска и интернет измама, откако беше баран од ФБИ две години во 1990-тите.

По неговото ослободување во 2000 година, тој стана добро познат хакер „бела капа“, консултант за сајбер безбедност и автор.

Митник израснал во долината Сан Фернандо во Калифорнија како немирно единствено дете, со пркосен став кон авторитетот и љубов кон магијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ПКК прогласи прекин на огнот во 40-годишниот конфликт со Турција

Митник хакираше владини веб-страници и корпоративни мрежи во 1990-тите, вклучувајќи го и Пацифик Бел кога украде корпоративни податоци и информации за кредитни картички.

Истражителите го нарекоа „најбараниот“ хакер во светот.

Двегодишната хајка на ФБИ низ САД доведе до апсење на Митник во 1995 година и тој на крајот се изјасни за виновен за компјутерска и интернет измама и беше осуден на пет години затвор.

Loading...

Властите веруваа дека тој имал пристап до корпоративни трговски тајни вредни милиони долари.

Во мемоарите од 2011 година, Гостин во порок, Митник негираше дека ги користел своите вештини за крадење или искористување на информации за финансиска добивка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ватикан ја соопшти најновата состојба на папата Франциско

„Секој кој сака да игра шах знае дека е доволно да го победи противникот. Не треба да му го ограбиш кралството или да му го одземеш имотот за да се исплати“, истакна Митник.

Неговото апсење доведе до формирање на движење во хакерската заедница наречено „Ослободете го Кевин“, кое лобираше за негово ослободување.

По излегувањето од затвор, Митник станал хакер со бела капа, автор и јавен говорник, а во 2003 година ја основал Mitnick Security Consulting, фирма која ги советувала Fortune 500 компаниите и владините агенции за сајбер безбедноста.

Во 2011 година, Митник стана косопственик на KnovBe4, кој понуди обука за безбедност на Интернет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кинеската вселенска станица ќе го прими првиот странски астронаут: Потпишана соработка со Пакистан