Најмалку 49 ерменски војници загинаа во судирите на границата со Азербејџан

Сподели со своите пријатели

Најмалку 49 ерменски војници загинаа во судирите на границата со Азербејџан, изјави ерменскиот премиер Никол Пашинјан.

Loading...

„Во моментов имаме 49 загинати (војници) и за жал тоа не е конечната бројка“, рече Пашинјан за време на говорот во парламентот во Ереван.

Агенцијата Интерфакс објави дека азербејџанските сили нападнале околу пет или шест места.

Пашинјан денеска разговараше со претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон и американскиот државен секретар Ентони Блинкен и побара од нив да одговорат на „агресијата на Азербејџан“.

Судири меѓу ерменските и азербејџанските сили избувнаа во Нагорно-Карабах, формално територија на Азербејџан, од која повеќето се контролирани од етнички Ерменци, поддржани од владата во Ереван.

Ерменија склучи мировен договор со Азербејџан во ноември 2020 година со посредство на Русија, по поразот на ерменските сили во шестнеделната војна за Нагорно Карабах, во која загинаа повеќе од 6.500 луѓе.

Со тој договор, Ерменија изгуби контрола врз дел од Нагорно-Карабах и околните области во Азербејџан по повеќе од 25 години.