Најмалите го прославија 500-годишниот јубилеј на Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Над 400 деца на возраст од четири до пет години од кумановската градинка „Ангел Шајче“ денеска ја изведоа музичко-ритмичката програма „Сплет“ во Спортската сала, а по повод 500-годишнината од постоењето на градот.

Loading...

Весели, насмеани и разиграни, танцуваа за својот град, а со игра и песна ги прикажаа традицијата и развојот на градот.

Чувствот по манифестацијата е инспиративно, вели градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

– Нашите најмали навистина не развеселија, не направија горди што сме родители на вакви дечиња. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите нив, на родителите и секако на воспитачите, негувателите и сите оние кои што беа составен дел од тимот да се реализира вакво нешто. Многу одамна поминаа времињата кога имавме вакви слетови во јавни објекти и еве таа традиција се возобновува, честички до ЈОУ „Ангел Шајче“ за сето она што го прикажаа денеска, но сепак мора да одадеме најголемо признание на тие мали актери кои во краткото претставување во триесетина минути не направија горди на сите нив, изјави Димитриевски.

Loading...

Со ваква генерација млади луѓе, вели тој, ќе го оствиме градот во сигурни раце, да продолжат таму каде ние ќе застанеме.

Од минатото до сегашноста, дечињата ја претставија историјата и традицијата на својот град, а приредија „шоу“ во кое уживаа сите присутни во салата.

– Целата приказна беше раскажана преку четири формации. Прво децата за време на традицијата беа во формација на кратенката „КУ“, потоа онаа современо етно преку бројот 500, покажавме колку години одбележува градот, потоа доаѓа онаа современо што децата сега го живеат, времето поп-денс каде направија формација на лого на градинката „Ангел Шајче“. Децата се ветрот на бесконечноста, со последната формација ја испратија пораката дека тие се ветрот на бесконечноста. Да се зборува за иднината мора да се вратиме и да погледнеме во минатото, изјави Марина Алексовска директорка на ЈОУ Градинка „Ангел Шајче“.

Loading...

Иако слетот се подготвува многу долг период, за најмалите кумановци беа потребни само 14 дена да се подготви ваквата претстава.

Повеќе фотографии во текот на денот на нашите Инстаграм и Фејсбук профили.

Leave a Reply