Најлошата година во историјата? Зимата траела 365 дена (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Позната како „година без лето“, 1816 година била навистина најстрашната година од постоењето на метеоролошката документација.

Loading...

 

 

Ова е годината што во историјата ќе остане запаметена како онаа во која сите дванаесет месеци биле зимски!

Сè започнало во март, а јануари и февруари биле просечни, но тогаш температурата почнала опасно да опаѓа.

Во април и мај, дождот не престанал. Во јуни и јули, наместо сонце, паднал снег, а мразот бил секојдневен. Планетата чекала лето, но едноставно тоа не дошло, туку по зимата дошла есента, а потоа повторно зима!

Овој пат била проследен со огромни поплави, особено во Европа.

Loading...

Немало објаснување за овој феномен! Дури во 1920 година американскиот научник Вилијам Хамфрис изнел хипотеза која сè уште е прифатена од повеќето климатолози.

Имено, во април 1815 година, вулканот Тамбуру на островот Сумбава во Холандска Источна Индија (денешна Индонезија) еруптирал и исфрлил огромна количина вулканска пепел во атмосферата.

Земјоделството било на колена, а цената на храната се зголемила за десет пати. Мразот ги уништил сите посеви, а гладот ​​што следувал започнал цела низа злосторства, социјални немири и протести низ целиот свет.

Бидејќи студот ја парализирал северната хемисфера, монсуните ја опустошиле јужната, па наскоро следела една од најсмртоносните епидемии на тифус во историјата. Мртвите се броеле во десетици илјади.