Пар се развел само три минути откако биле прогласени за маж и жена, откако младоженецот ја исмевал невестата додека ја напуштале свадбената церемонија.
Откако се венчале, парот се свртел да ја напушти зградата на судот, но невестата се сопнала.
Младоженецот ја нарекол глупава затоа што паднала, па невестата крајно се налутила и побарала матичарот веднаш да им го поништи бракот.
Матичарот се согласил и го поништил бракот само три минути откако воопшто стапиле во брак.
Парот, кој живее во Кувајт, никогаш не ја напуштиле зградата на судот, каде се наоѓало матичното, како маж и жена.
Приказната предизвика лавина реакции на социјалните мрежи и многу луѓе веруваат дека таа ја направила вистинската работа.
Како и да е, се верува дека тоа е најкраткиот брак во историјата на Кувајт, а можеби и во светот.