Над 700 илјади денари ќе добие Културно – уметничкото друштво „Бајрам Шабани“ од Куманово за своите проекти во 2025 година, додека КУД „Панче Пешев“ нешто над 500.000 денари.
Ова се резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес, пари што ги дава Министерството за култура.
Така „Бајрам Шабани“ за прославата на 80-годишниот јубилеј ќе потроши 400.000 денари државни пари. Со 142.500 денари ќе го организира фестивалот „Балкан фест Куманово“.
Министерството за култура ќе финансира и гостување на „Бајрам Шабани“ на фестивал во Турција со 180.000 денари.
Од друга страна Културно – уметничкото друштво „Панче Пешев“ за реализација на годишната програма и активности ќе добие 255.000 денари. Исто толкава сума има на располагање да го организира и Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово 2025).
Меѓу проектите што ќе ги финансира министерството со народни пари е и „Добре дојдовте иселеници“ или Shoqata Java Kulturore Shqiptare – Kumanove на Здружението „Недела на албанската култура“. За таа цел ќе добијат 255.000 денари.
Во рамките на програмата за литературна и издавачка дејност Министерството ќе финансира издавање на седум дела во Куманово. Сите дела ќе бидат на албански јазик.
Најголем дел од средствата ќе ги добијат правните лица „Генимпекс“ и „Агорапринт“.
Проекти од литературна и издавачка дејност
Оваа година ќе се организира и театарски фестивал на албански јазик во Куманово наречен „Балкански театарски фестивал „Ку-фест“ во организација на Здружение за развој, афирмација и унапредување на театарот „Ултра“. За таа цел ќе добијат 408.000 денари од програмата.
Во областа на драмската уметност со 231.000 денари ќе биде подржан и проектот „Во егзил“ – адаптација на драмскиот текст „Емигранти“ од Славомир Мрожек во режија на Нехат Мемети. Носител на проектот е Здружението „Талија“.
Здружението Ромски културен центар „Чирикља“ од Куманово ќе добие 153.000 денари за моноспектаклот „О лил јеке дилинескоро“ во режија на Орхан Јашаровски.
Танцовиот клуб „Мерлин“ ќд добие 85.500 денари за мјузиклот „Аладин во царството на соништата“ во режија на Мерлин Стојановска.
Меѓу останатите проекти кои ќе ги финансира Министерството за култура се изложба на Марина Цветановска Мартиновска „Празни (не)достатоци“ во Белград, Србија со 79.500 денари.
Осман Демири од Куманово ќе добие поддршка од 76.500 денари за изложбата „Првите чекори во кампот“ во Подујево, Косово.
Страхил Петровски ќе биде поддржат со 100.000 денари за реализација на мултимедијалната изложба „Реминисценции“ (“Reminiscence“) во Македонскиот културен центар во Њујорк, САД.
Исмет Вејсели за реализација на концертот „Музичка вечер во Софија“со Шкељзен Бафтиари и Аљба Зеќири во Културно информативниот центар во Софија – 150.000 денари.
Во КИЦ во Софија, Стефан Анчевски од Куманово ќе ја реализира изложбата „Трага“ со Марјан Стојаноски и за тоа ќе добијат поддршка од 100.000 денари.
Во областа на фестивалите, освен погореспоменатите од фолклорна дејност, финансиска поддрша ќе добие и „Џез фестивал Куманово 2024 во износ од 204.000 денари. Носител на проектот е Здружението Институт за наука, уметност, култура и спорт Куманово.
Со 255.000 денари ќе биде финансират локалниот детски ТВ фестивал „Бисерчиња“ во организација на Асоцијацијата за култура и уметност „Мулти – арт Куманово“.
Клубот на писатели „Јехона е карадакут“ ќе добие 70.400 денари за манифестацијата „Поетски средби на Карадак“.
Во областа на музичката и музичко – сценската дејност од Куманово, здружението „Меликус“ ќе добие 61,200 денари за проектот „Метаморфозис“.
Со 178.500 денари ќе се финансира манифестацијата „Епска песн“ „Kënga epike“ на здружението „Етникум“.
Засега се уште не се објавени проектите со кои имаат аплицирано националните установи како Центарот за култура и Музеј Куманово.
Никола Ивановски