Над 70.000 жители евакуирани од Херсон

Сподели со своите пријатели

Гувернерот на Херсон назначен од Москва, Владимир Салдо, денеска изјави дека повеќе од 70.000 жители на Херсон и околните области се преселиле на левиот брег на реката Днепар поради украинската офанзива.

Loading...

Регионалните власти ги повикаа жителите да се евакуираат додека Украина напредува во офанзивата за повторно заземање на Херсон, кој беше заземен од руските сили во првите денови од конфликтот.

Властите, исто така, ги отстранија спомениците на руските воени водачи од 18 век Александар Суворов и Фјодор Ушаков од градот.

Салдо рече дека останките на Григориј Потемкин, рускиот генерал кој го основал Херсон во 18 век и бил негов гувернер, исто така биле отстранети од црквата Света Катерина во Херсон и преместени на безбедно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: За прв пат соборивме руски стратешки бомбардер Ту-22М3

Помошникот гувернер Кирил Стремусов денеска изјави дека од Херсон е евакуирана и регионалната администрација.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.